Телевизија Дукаѓини најостро го осудува нападот врз нашиот тим составен од новинарката Блерта Зука и снимателот Енкелеј Шаљани, што се случи денеска во Гњилане додека ја извршуваа својата професионална должност. Екипата на ТВ Дукаѓини правела хроника за работите кои се одвиваат на градскиот плоштад, кога била попречена и нападната од вработен во фирмата која се занимава со реализација на овие работи.