Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
Хрватска и Европската Унија денеска потпишаа договор за заем вреден 1,7 милијарди евра наменет за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата. Договорот за заем во рамките на инструментот „Безбедносни мерки за Европа“ (SAFE) во Бански двори го потпишаа хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, министерот за финансии, Томислав Ќориќ, и еврокомесарот за одбрана, Андриус Кубилиус. – Станува збор за заем од 1,7 милијарди евра наменет првенствено за инвестиции во германски тенкови „Леопард 2“ (Leopard 2), француски хаубици „Цезар“ (CAESAR), чешки камиони важни за транспорт и логистика, како и за различни видови муниција – изјави пред потпишувањето хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Тој додаде дека станува збор за поволен заем со рок на отплата од 45 години. Пленковиќ нагласи дека со тоа Хрватска се приближува до исполнување на новите цели на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година. НАТО на Самитот во Хаг минатата година постави цел од 3,5 проценти за воени трошоци и дополнителни 1,5 проценти за инвестиции со двојна намена. Пленковиќ изјави дека неговата влада за десет години тројно го зголемила буџетот за одбрана, кој во 2025 годи
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.