Преглед на вестите од светот
При масовен руски напад врз украинскиот главен град Киев утрово според официјалните лица, загинале најмалку осум лица, а над триесетина други биле повредени. Жителите на Киев се засолнија во метро станиците, каде ја минаа ноќта. Пожарникарите во Харков ги гаснеа пожарите по вчерашните напади, каде загина едно лице, а 32 беа повредени, додека во регионот Дњепропетровск загина една жена, а три други жени, од кои едната е бремена. Руското Министерство за одбрана објави дека погодило воени и енергетски објекти околу Киев, како и воени аеродроми во неколку региони, вклучувајќи ги Полтава и Днепропетровск, како одмазда за нападот на Украина врз цивилната инфраструктура. Претседателот на Украина Володимир Зеленски предупреди дека разузнавачките извештаи покажуваат дека е веројатен напад врз земјата преку ноќ и од таа причина го скрати престојот во Даблин, кој го посети за почетокот на шестмесечниот мандат на Ирска како ротирачко претседателство со ЕУ. Стотици семејства кои ги загубија своите домови во смртоносните земјотреси во Венецуела се засолнија во Спортски центар во Ла Гваира, кој е претворен во привремено засолниште и место за дистрибуција на храна, вода, лекови и донации. Една нед
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.