Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ подготвува нови мерки за намалување на трошоците, додека „Фолксваген“ потврди дека работи на радикални планови за реструктуирање, кои според медиумските извештаи би можеле да донесат масовен бран отпуштања, пренесува агенцијата ДПА со увид во интерните одлуки на компаниите. „Мерцедес“ во јули требаше да им исплати посебен додаток на работниците, но исплатата е одложена за следната година, се наведува во одлуката за која управата ги известила вработените преку писмо. Овој „трансформациски додаток“ изнесува 18,4 отсто од редовната месечна плата, но вкупната сума за исплата засега не се соопштува. Управата во писмото посочува дека структурните трошоци во Германија, а особено трошоците за труд, веќе не се меѓународно конкурентни. Поради тоа, во наредните недели планираат да разговараат со работничкиот совет за можно продолжување на работното време, но без дополнителна плата. Вработените во моментов, согласно колективниот договор, работат 35 часа неделно. Раководството нагласува дека е неопходно „да се продолжи со работа со полна пареа на намалување на трошоците“ со цел да се одржи конкурентноста, со предупредување дека „ситуацијата