Фудбалската федерација на Македонија потпиша договор за соработка со „Ладна Вода“, со што компанијата „Магрони“ станува нов партнер на македонските фудбалски репрезентации. Од ФФМ посочуваат дека новото партнерство е дел од заложбите за обезбедување подобри услови за националните селекции, како и пример за вклучување на приватниот сектор во поддршката на македонскиот спорт. Филип Поповски од Фудбалската федерација на Македонија истакна дека секоја компанија која ја препознава важноста од вложување во репрезентацијата и подобрување на условите за нејзино функционирање е значаен партнер за Федерацијата. Од компанијата „Магрони“, пак, нагласуваат дека македонската фудбалска репрезентација е еден од најзначајните спортски симболи во земјава и дека преку оваа соработка сакаат конкретно да придонесат за нејзиниот развој и за спортот во целина. Партнерството со „Ладна Вода“ треба да претставува дополнителна поддршка за националните селекции и за понатамошниот развој на македонскиот фудбал.