Познатиот пејач Дарко Радовановиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 11 јуни 2011 година додека се враќаше од настап. Неговиот кум Милан Митковиќ, кој беше со него до самиот крај, неодамна се присети на деталите и на последните моменти поминати со пејачот, откривајќи дека Дарко бил крајно исцрпен во тие денови, но и дека неговото однесување непосредно пред несреќата било необично.