Централната изборна комисија (ЦИК) продолжи со објавување на резултатите за кандидатите за пратеници, додека досега на ниво на држава се пребројани 2.016 од вкупно 2.498 избирачки места или над 80 отсто од гласовите. Според ажурираните податоци, кандидатот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Ардијан Ѓини, води на партиската листа со 33.858 гласови. По него е рангиран претседателот на ААК, Рамуш Харадинај со 30.514 гласа.