Оперативец на ЦИА сведочеше во Сенатот: Фаучи ги замајуваше разузнавачите за да не се открие вистината за Ковид 19
Ентони Фаучи, поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и главен медицински советник на претседателот на САД, влијаеше на истрагата за потеклото на КОВИД-19 со тоа што ја користеше својата позиција за да осигура дека разузнавачката заедница се консултира со погрешни луѓе, кажа укажувач, оперативец на ЦИА, Џејмс Ердман, на сослушувањето пред Комитетот за национална безбедност на Сенатот на САД во врска со прикривање на информации за Ковид-19. На сослушувањето кое го отвори претседавачот на Комитетот, сенаторот Ранд Пол, укажувачот тврди дека аналитичарите од ЦИА и Националното разузнавање одговорни за испитување на потеклото на ковид, настојувале да прикријат дека вирусот е од лабораторија, а не од природно потекло, со цел да се постави основа за одобрување на итна употреба на mRNA производи. – Јас сум професионален оперативец на ЦИА, и како што спомнавте, бев на должност во Канцеларијата на директорот за национално разузнавање, Групата за иницијативи на директорот, или ДИГ, помеѓу март 2025 и април 2026 година. Бев одговорен за водење на истрагата на ДИГ за потеклото на КОВИД, аномални здравствени инциденти и неидентификувани аномални појави. Јас су
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.