Лидерот на турската опозиција Озгур Озел стана вирален на социјалните мрежи по необичен момент за време на прес-конференција во Едрене. Пред да го започне говорот, Озел забележал дека микрофоните на подиумот не се правилно порамнети. & Наместо веднаш да започне, тој застана и околу 50 секунди ги приспособуваше една по една, ставајќи ги во права линија. Моментот предизвика многу реакции на интернет.