Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева
Од Македонија преку меѓународните институции во Женева до најоддалечените делови на Африка, Авнија Насуфоски ја води мисијата да обезбеди еден од најосновните предуслови за живот, чиста вода за пиење. Денеска како успешен швајцарски дипломат кој претставува 35 земји членки на Пан-африканската унија нуди дел од своето искуство, знаење и меѓународни контакти да ги стави во служба на развојот на својата родна земја. Македонците низ Европа кои со децении се надвор од родната грутка велат дека се отворени своите знаења да ги донесат дома. Искуствата на Насуфоски преку технолошкиот центар Н99 ќе бидат пренесени и до младите и до бизнис секторот во Македонија. Настанот е дел од меѓународните активности на N99 Technologies, која денес активно соработува со партнери од повеќе од 43 држави ширум светот. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева Категорија: Македонија Новинар: Ивана Соколовиќ Најдова
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.