Судење за „Пулс“, родителите ја напуштија судницата
Родителите на жртвите во „Пулс“ го напуштија денешното судење за пожарот во кочанската дискотека.. Ги налути барањето за изземање на обвинителката поднесено од адвокатите.. Таа според одбраната, доказите за тоа како Пулс добила лиценца за работа од министерството за економија, ги презентирала селективно и пристрасно.. „ Ние, родителите на овие млади убиени деца, ја напуштивме денеска судницата, односно денешното рочиште, бидејќи сме револтирани од одбраната, односно од адвокатите на обвинетите, бидејќи тие бараат да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Наташа Сарамандова е најдобра обвинителка со обвинителот Дарко и тие се нашата надеж дека вистината ќе биде откриена и дознаена и за нас родителите, и за целата јавност, за да видат кој ги уби нашите деца. Ако ја изземат обвинителката Наташа Сарамандова, јас мислам дека не треба ни да постои судење “, изјави Јулијана . Според доказите презентирани на денешното рочиште, во барањето за добивање лиценца не било наведено дека Пулс ги исполнувал сите минимално-техничките услови за работа.. „ Пријавата е целосно пополнета и штиклирана, освен во една клучна точка која се однесува на обезбедувањето помошни излези, односно, најмалку ед
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.