Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека не смее да и се дозволи на израелската влада „зависна од војна“ повторно да го втурне регионот во крв. „Неопходно е да не се дозволи сегашната израелска влада, зависна од војна, уште еднаш да ја потопи нашата географија во мирисот на барут и крв“, рече претседателот Ердоган на заедничката прес-конференција во Истанбул со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.