Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, додека обвинителството оцени дека полициските службеници со пропусти во постапувањето придонеле за настанување на трагичните последици. Судскиот совет, со кој претседаваа судијките Фанка Јанчулева Михаиловска и Лидија Петровска, најпрво го одби барањето за изземање на судијката Петровска поради роднински врски со сопругата на еден од адвокатите на оштетените, оценувајќи дека станува збор за подалечно сродство без интензивна комуникација. На подготвителното рочиште, одбраната достави дополнителни докази и побара одложување на постапката до завршување на главниот предмет што се води за пожарот во „Пулс“, со образложение дека станува збор за суштинско претходно прашање. Судот го одби предлогот. Во текот на расправата, судијката Фанка Јанчулева Михаиловска оцени дека одбраната не дала конкретен одговор што точно е спорно во обвинението. – Очекував ова рочиште да биде поконструктивн
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.