Пејачката Марина Вишковиќ повторно ја крена температурата на социјалните мрежи со низа жешки и крајно интригантни објави со својот партнер милионер. Најмногу внимание привлече со црно-белиот кадар во кој позира со својот избраник во страсна прегратка, а стратешки исечената фотографија создаде силен впечаток дека пејачката не носи апсолутно ништо.