Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека истрелала проектили и беспилотни летала врз 85 американски воени објекти во Бахреин и Кувајт како одговор на последниот бран американски напади врз Иран, пренесува Си-Ен-Ен. ИРГЦ во објава на Телеграма објави дека заедничка операција на нејзините поморски и воздушни сили биле насочени кон американски воени објекти во пристаништето Салман во Бахреин, каде што дејствува Петтата флота.