Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
Обвинението за оддавање службена тајна против Билјана Петровска Мантева, може целосно да падне, тврди нејзината одбрана откако на денешното судење понуди нов доказ. До судот достави мејл комуникација според која директорот на ТЕЦ Неготино многу порано знаел дека се води истрага за набавката на мазут, а не како што тврдело обвиниелството откако за тоа го информирала обвинетата Петровска – Мантева. Електронска порака дека полицијата бара информации, добиле и другите електрани во државата. „Значи, директорот на ТЕЦ Неготино, 41 ден претходно, ист документ, или со слична содржина, а кој што се однесува на комплетната набавка на мазут за периодото од 2021 до 2023 година, веќе имал во рака документ по кој што постапувал и тоа не само како директор на подружница ТЕЦ Неготино, по таквиот документ постапувале и останатите подружници во составот на АД ЕСМ. Истиот документ го знаеле повеќе лица, истиот не претставувал никаква службена тајна, не бил класифициран, не бил заштитен. Во спротивно, подружниците постапувале со комплетните материјални докази и нивната достава во обвинителството за поведување на нивната дополнителна предистражна и истражна постапка во врска со мазутот. “, изјави Надиц
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.