Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека сојузниците издвоиле повеќе од 10 милијарди долари за помош на Украина и нејзиното вооружување. Руте учествуваше на состанок на Контакт групата за одбрана на Украина чии копретседатели се Германија и Обединето кралство. Тој поддржа нови издвојувања за украинскиот фронт. Според него, во таа сума се 3,5 милијарди долари од заемот на ЕУ за поддршка на Украина што е оценето како „знак“ за соработка меѓу ЕУ и НАТО и уште еден пример за засилена улога на Европа. МИА