ВИДЕО Бурно торнадо преврте автомобили и „откорна“ покриви од куќи во Кина. Погледнете го видеото од хоророт
КИНА, ХУБЕИ - Најмалку осум лица загинаа, а едно лице се води како исчезнато откако две торнада ја погодија кинеската провинција Хубеи. Ветерот достигнал брзина од 149 км/ч, превртел автомобили и откорнал покриви од куќи. Неколку градови беа погодени од силното невреме во понеделникот вечерта, меѓу кои Ежу, Хуангши и Хуанганг. Торнадата се многу ретки во таа провинција, а последното е снимено во 2021 година.
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.