Само за 39 секунди животот на илјадници се промени засекогаш. Два силни последователни земјотреси ја погодија Венецуела и предизвикаа вистински хорор. Првиот со магнитуда 7,5, а само 39 секунди подоцна нов од 7,2 по Рихтер. Двата силни земјотреси ја претворија секојдневната рутина во хорор – урнати згради и непрекината потрага по преживеани. Земјотресот зад себе остави над 160 мртви и стотици повредени, а бројките постојатно растат. Американскиот геолошки иститут направил проценка дека бројот на жртви би можело да надмине 10.000, затоа што илјадници луѓе се уште се водат како исчезнати а многу згради се урнати. Снимките сведочат за драматичните моменти кога земјата се тресела. Хоророт се случил 18.05 часот по венецуелско локално време. Франко Родригес е еден од преживеаните. Во моментот на земјотресот тој се наоѓал во трговски центар кој претрпел сериозно оштетување. Раскажува дека првите секунди од хаосот биле исполнети со шок и неизвесност од нареден. „Ги имав ставено слушалките, слушав музика и одеднаш луѓето замрзнаа, не можевме ништо да почувствуваме. Беше како моментална состојба на шок која траеше околу пет секунди. Изгледаше како некои луѓе веќе да добиле аларми за предупре