Сабри Фејзулахи, Џенсила Миртезај и Махмут Ферати се само дел од имињата кои годинава во рамки на Октомвриското културно лето се очекува да учествуваат во Тетово. Покрај концертите, од општината велат дека ќе има и културни вечери со локални и регионални ансамбли, а ќе се одржат и младински вечери во чии рамки се очекува да се организираат различни спортски натпревари како што е уличен ракомет.