Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
Оклахома Сити ги победи Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостински терен во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот со 115:110. Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 35 поени и осум асистенции. Бекот на Лејкерси, Остин Ривс, постигна 27 поени, а Леброн Џејмс имаше дабл-дабл со 24 поени и 12 скока. Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари од серијата (4-0) и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот, каде што ќе се соочат со победникот од серијата Сан Антонио – Минесота (2-2). На вториот натпревар одигран ноќта понеделник кон вторник, Кливленд кавалирс Детроит пистонс со 112:103 и израмни на 2:2 во серијата прв до четири. МИА
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.