Саботна средба за Изборниот Законик
Нема договор за Изборниот Законик. На денешната координација во Собранието, Левица соопштила дека не отстапува од барањето за Една изборна единица. Со тоа процесот се враќа назад на точка од пред преговорите во Министерството за правда. Во делот на гласањето на дијаспората, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дале нов предлог. Наместо електронски, македонските граѓани кои живеат во странство да гласаат поштенски. Алијанса на Села го поддржува предлогот, но оттаму бараат право на глас дијаспората да добие и за локалните избори. Пратеникот Борислав Крмов од Левица не сакаше да даде изјава по координацијата. Но претходно, Амар Мециновиќ на прес-конференција обвини дека Изборниот законик е блокиран од, како што вели, партиите на олигархијата со цел да и се наштети на Левица. Изборниот законик е еден од 10-те реформски закони кои треба да бидат донесени до половина од месецот и единствена реформа која државата не успеа да ја спроведе. Владејачкото мнозинство нема да брза и да го носи по секоја цена. Нова координација е можна уште следната недела. Но прво ќе се чека СДСМ и ДУИ да изградат став по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на дијаспората по пошта. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded vid
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.