Маж од Кина завршил во болница и бил опериран откако употребил пиштол за масажа на пределот околу очите, предизвикувајќи сериозно оштетување на видот. Човекот, 42-годишниот Луо од градот Вухан, го купил уредот за ублажување на мускулниот замор по вежбањето во теретана. Но, бидејќи често чувствувал умор и суви очи, мислел дека уредот ќе го има истиот ефект.