Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
Дали новата територијална поделба во Албанија може да ги загрози Македонците таму и дали Пустец, единствената општина во која над 90 отсто од населението е македонско, може да го изгуби својот статус? Ова се дилемите што се отвораат откако власта на Рама најави намалување на бројот на општините поради поголема функционалност, додека опозицијата бара зголемување на бројот на единиците на локалната самоуправа. Иако сè уште нема конкретни предлози, од партијата на Македонците во Пустец предупредуваат дека реформата не смее да биде на штета на малцинствата. Имено, според албанскиот Устав, како и Законот за заштита на националните малцинства, одредени права на малцинствата се поврзани со нивната процентуална застапеност во одредена општина. Со укинувањето на Пустец и неговото припојување кон Корча, постои опасност дел од овие права да бидат загрозени, коментираше попладнево на јавна дебата во Корча, посветена на оваа тема, Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција. МАЕИ веќе доставила официјално писмо до Посебната парламентарна комисија, во кое се содржани конкретни предлози за заштита на правата на македонската заедница во процесот на административно-терито
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.