Откако успешно се врати на музичката сцена по долго отсуство, пејачот Бојан Бијелиќ почна се поинтензивно да настапува и повторно да ги изведува своите препознатливи хитови пред публиката. Тој отворено призна дека бил многу нервозен и одговорен на првиот камбек концерт, но дека сега тој и неговиот бенд се целосно подготвени за нови музички потфати.