Државниот обвиниел Ненад Савески смета дека немало ништо спорно што му се јавил премиерот бидејќи како што вели, можел секој да му се јави, па и претседателот на владата.. На телефонскиот повик гледал како соработка меѓу институциите, бидејќи како што вели Савески, од условите кои треба да ги обезбеди извршната власт, зависат и резултатите на јавното обвинителство.. „ Не знам колку е тоа надлежност на премиерот, дека, покрај останатото е и да се јави кај јавниот обвинител. Меѓутоа, како и секој што има право да ми се јави, ми се јавил и претседателот на владата и тука не гледам ништо спорно. Сум истакнал и претходно дека јас секогаш сум за соработка помеѓу институциите, во случајов, комуникацијата помеѓу јавното обвинителство со другите институции, сметам дека е неопходна, се со цел токму и во насока на остварување на резултати, а за да се остварат резултати потребно е да се овозможат и услови. А, во голем дел, овозможувањето услови за работа на јавните обвинители, таква задача има токму извршната власт “, изјави Ненад Савески, Државен јавен обвинител. Во однос на изјавата на премиерот, дека трпението му е при крај заради незадоволителното темпо со кое институциите испорачуваат пра