Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
Еуролинк осигурување го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации. Одлуката беше разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува 20,5 милиони евра. Со докапитализацијата, вкупниот капитал на Еуролинк осигурување достигнува 1,26 милијарди денари (20,5 милиони евра), што претставува значително зајакнување на веќе исклучително стабилната капитална позиција на компанијата. Со овој чекор, Еуролинк осигурување располага со капитал кој е 6,8 пати повисок од законски пропишаниот гарантен фонд и 5,5 пати повисок од потребното ниво на солвентност, што ја вбројува меѓу капитално најстабилните осигурителни компании на пазарот. Новото капитално зајакнување е стратешка одлука насочена кон идни инвестиции, развој на нови деловни можности и проширување на присуството на компанијата во нови сегменти на финансискиот пазар. „Ни претставува особена чест што нашиот акционер ГРАВЕ продолжува да го препознава потенцијалот на македонскиот осигурителен пазар
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.