Кавадарчанец фалсификувал свидетелство за завршено основно образование со цел да полага возачки испит
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(27) од Кавадарци, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. На 04.06.2026, тој во нотарска канцеларија во Кавадарци приложил за заверка фалсификувано свидетелство за завршено основно образование во основно училиште во Скопје, со намера документот потоа да го приложи во авто школа за полагање возачки испит, соопшти МВР.
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.