Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против физичко и правно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Како што информираат од Финансиската полиција, првообвинетиот Б.З., во својство на сопственик и управител на пријавениот правно лице, застарените обврски не ги признал како приход.