„Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Тоа не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите може да се решаваат преку ноќ. Здравството е еден од најкомплексните и најчувствителните системи во државата - систем каде секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина и секое доцнење значи изгубено време за некој на кој му е потребна грижа“, нагласи министерот за здравство.