Парламентот даде зелено светло за пакет закони дел од реформската агенда. Без особена дебата пратениците ги изгласаа законите за судска и јавнообвинителска служба, за високи јаководители, законот за користење обновливи извори на енергија, Закон за зоотехника. Донесен беше и законот за оружје, единствениот за кој поддршка даде и СДСМ. Во трка да се стигне со роковите пратениците ги изгласаа и измените на Законот за Совет на јавни обвинители, измените на законите за основно и средно образованиеи законот за финансиски лизинг. Опозицијата реагира дека наместо вистински реформи и менување на законските решенија се брза само да се заврши со обврските во рокот. СДСМ со исти обвинувања и за законот за јавнообвинителската служба... На 30 јуни повторно ќе бидеме земја која што направила и донела најмногу реформи, вратија од мнозинството. Реформата не започнува со затворање на училишта и кратење н работни места, регираат опозиционерите за законот за основно и средно образование. Се чека договор во работната група и за Изборниот законик од кој зависи дали ќе се исполнат обврските кои Македонија требаше да ги заврши во грејс периодот до 30 јуни кој Брисел го даде за исполнување на реформската а