САД и Иран, со посредство на Пакистан и Катар, и со учество на Египет и Турција, како што се очекува, денеска ќе одржат виртуелен состанок и електронски ќе потпишат меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормуската Теснина и ќе започнат нови преговори за иранската нуклеарна програма, објави синоќа Аксиос, повикувајќи се на свои извори. Меморандумот за разбирање треба да придонесе за прекин на конфликтите во регионот и потенцијално стабилизирање на глобалните енергетски пазари. Според извештаите, ова е резултат на речиси тримесечни преговори меѓу Вашингтон и Техеран, кои беа посредувани од Пакистан, Катар, Египет и Турција. Американски и посреднички извори потврдија дека потпишувањето ќе се одржи виртуелно од логистички причини. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф вчера на Икс изјави дека страните се „поблиску до мировен договор од кога било досега“ и дека се очекува договорот да биде финализиран во следните 24 часа, по што ќе следи електронско потпишување, а потоа и технички преговори следната недела. Набргу потоа, и пакистанското Министерство за надворешни работи потврди дека за денеска е закажана виртуелна церемонија на пот