Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
Дваесетгодишен возач е лишен од слобода откако вчера во Скопје со автомобил удрил во 13-годишен велосипедист, кој се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од МВР, несреќата се случила на 14 мај околу 16:10 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје, кога патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник. Малолетникот со тешки повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот бил лишен од слобода согласно член 300 од Кривичниот законик. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.