Има забрзување на процесот на реформите споредено со Извештајот од минатата година и искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има резултати, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешната посета на Крушево, одговарајќи на новинароско прашање за тоа каков е извештајот за Македонија за напредокот во реформите. Според Рокас, во тек е подготовката на Извештајот кој треба да се финализира во септември, а до крајот на јуни е рокот за чекорите и мерките што треба да ги спроведат Владата и министерствата. -Годишниот извештај на Европската Комисија е во тек на подготвување и треба да се финализира до септември или во почетокот на септември, така што мислам дека тоа што може да се нотира таму е дека многу макотрпна работа е направена досега. Јас сум убеден дека ова ќе биде извештај кој ќе покаже напредок, кога ќе се спореди со минатиот Извештај на Европската Комисија. Но, она што е поважно е реформската агенда. Европската Унија има блиска соработка заедно со Владата и со министерствата со цел да може да се направи напредок во неколку сфери. Што се однесува на некои чекори или мерки кои требаше досега да бидат спроведени од Владата