Стартуваа камерите Безбеден град
Стартуваа камерите на Безебеден град и во охридскиот регион. По извршеното финално тестирање, ставени се во функција безбедносните камери на автопатската делница кај Ново Село, во општина Дебрца каде се случени неколку сообраќајни несреќи со десетина повредени лица а во наредниот период се очекува да профункционира и на патниот потег помеѓу селата Горенци и Требеништа, како и на останатите пофреквентни сообраќајници и на коридорите 8 и 10 на подрачјето на СВР Охрид. Функционирање на камерите особено за време на летната туристичка сезона кога има поголема фреквенција на возила значително ќе ја подобри безбедноста на патиштата. Портпаролот на СВР Охрид Димоски апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а особено да внимаваат на дозволената брзина на движење. Системот „Безбеден град“ ќе овозможи засилена и постојана сообраќајна контрола, ќе придонесе за намалување на сообраќајните незгоди, ќе врши детекција на сообраќајни прекршоци и ќе овозможи повисок степен на безбедност на патиштата. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Стартуваа камерите Безбеден град Категорија: Македонија Новинар: Нина Аритоновска
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.