Харис Качапор, газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“ чиј камион беше фатен при обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче, е добро познат на обвинителството и полицијата. На Качапор во моментов му се суди за смртоносното прегазување на поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука. Тој е обвинет за тешки дела во сообраќајот за кое е предвидена казна од четири до 20 години затвор....