Њукасл Јунајтед го официјализираше трансферот на Базумана Туре од Хофенхајм, продолжувајќи да го засилува својот тим за новата сезона. 20-годишното крило од Брегот на Слоновата Коска потпиша долгорочен договор со англискиот клуб. Според претходните информации, Њукасл платил околу 50 милиони евра за картата на африканскиот талент. По официјалното претставување, Туре не го криеше ентузијазмот за трансферот во