Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
Поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами кој беше баран со меѓународна потерница, по речиси две години бегство, утринава сам се предаде на полицијата на граничниот премин Блаце. Бајрами се врати во Македонија на идентичен начин како и Груби, рано наутро на граничен премин сами се пријавија во полиција. Екс директорот на Лотарија веднаш беше спроведен во притвор во затворот Скопје, кој му беше определен во отсуство. „Неговиот адвокат Еленко Миланов се уште не се видел со Бајрами, чека одобрение од судот да имаат средба за да одучат дали ќе се жалат на притворската одлука и дали ќе бараат поблаги мерки.“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи Бајрами е првообвинет во предметот за злоупотреба на 9,7 милиони евра во Државната Лотарија со која раководеше, заедно со Груби и шестмина други обвинети. Бајрами се враќа во Македонија на самиот почеток на судскиот процес кој се води против нив. Следното рочиште е во петок, но ќе биде одложено за Бајрами да се запознае со обвинението. Поради неговото пристигнување во затворот, судот во текот на денот ќе му достави примерок од обвинителниот предлог, со цел да може да се запознае со содржината на обвинението и док
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.