Довербата од два проценти во правосудство може да се реши само со сериозни реформи против партизацијата вели претседателката Сиљановска Давкова. Во интервју за МИА, побара поголема одговорност и сериозно преиспитување на потеклото на имотот на функционерите. Целосно напуштање на партизацијата при изборот на судии и јавни обвинители, но и на убедувањето дека со пари и влијание може да се купи речиси сè. Секој кога ќе стапи не само на определена функција, на определена работа, лесно е да се провери со што влегол, како излегол и дали е тоа можно. Не се чудам јас на огромните пари на некои ликови во светската политика, врзани за вештачки интелигенции и така натаму, ама кога ќе видите профили што од својата работа апсолутно не би можеле да го заработат, да го стекнат богатството, сигурно дека тоа треба да се испита. А понатаму тие цврсто се држат за богатството бидејќи филозофијата им е дека со парите може сè да купат и некако добиваме впечаток дека правдата не ги стигнува сите. Тоа мора да се надмине – истакна претседателката Сиљановска-Давкова Сиљановска вели дека државата добива позитивни коментари од меѓународните партнери за спорведените реформи, а за надминување на останатите преч