Руското Министерство за одбрана денеска тврди дека руската противвоздушна одбрана пресретнала 660 украински беспилотни летала за време на големиот напад извршен синоќа на 12 руски региони, како и на Крим, кој Москва го смета за најголем напад до сега. Големиот напад се случи неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на платформата Х дека наредил „40-дневна операција на удар“, за која се верува дека значи ескалација на