Филипче е подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија, обвинуваат и денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека лидерот на СДСМ оди по „бугарскиот пат“ поради лични и финансиски интереси. „Новиот премиер на Бугарија, Румен Радев, не е непознат фактор во бугарската политика. Неговите ставови кон Македонија, македонскиот јазик, македонскиот народ, идентитетот и историјата се добро познати. Тој и досега јасно покажал дека Бугарија нема намера да отстапи од своите позиции, ниту, пак, да се повлече од условувањата кон Македонија. Напротив, очигледно е дека официјална Софија ќе продолжи со притисоци и блокади секогаш кога тоа ќе ѝ одговара. Во вакви околности, кога е потребна јасна осуда и цврст став во одбрана на македонските интереси, Венко Филипче избра спротивен пат. Филипче и СДС го избраа антидржавниот, бугарски пат.“ж Филипче, пак, возвраќа дека ставовите на Радев по однос на македонскиот идентитет се ирелевантни за македонската евроинтеграција, бидејќи Македонија преговара со Брисел, а не со Софија. Објаснува дека, иако бугарскиот парламент има донесено резолуција за негирање на македонскиот јазик, истиот парламент подоцна го ратификувал и т.н. фран