Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со распределбата на ваучери за инвертер клима уреди за над 500 семејства, рече: „Ова е и проект што го спроведе Владата, а се однесува на донирање опрема со инвертер на 500 семејства кои според нивниот социјален статус ги исполнуваат условите да го условат својот простор за живеење.