Со новото техничко решение на Министерството за внатрешни работи, системот „Безбеден град“ отсега ќе може да ги регистрира и мотоциклите при сообраќајни прекршоци. Досега камерите ја снимаа само предната страна на возилата, што претставуваше проблем кај мотоциклите, бидејќи нивните регистарски таблички се поставени одзади. Поради тоа, нивната автоматска идентификација при прекршок не беше возможна. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека МВР поставило дополнителна опрема на избрани локации каде што постојат соодветни технички услови. „Го решивме и на дел од територијата на Македонија каде што првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека, ако не се лажам, првиот ден имаме констатирано некаде околу 9 прекршоци за недозволена брзина“, изјави Тошковски. Тој посочи дека се надминати и други технички проблеми, меѓу кои поставувањето камери на критични точки и идентификацијата на возила со странски таблички, а се работи и на проширување на санкционирањето на останатите гранични премини. Како пример го посочи преминот Табановце, каде што фреквенцијата на возила била значително поголема од првичните проценки. „Имавме проценка дека