Во Црна Гора повторно се крена политичка бура, а тоа е поради Ратко Младиќ. Позицијата и дел од владејачката коалиција бараат смена на шефот на тамошниот парламент Андрија Мандиќ бидејќи изразил сочувство до семејството на хашкиот осуденик и поранешен генерал на војската на Република Српска. Судејќи по се, Мандиќ останува безбеден во фотелјата благодарение на поддршката што дојде од (не)очекуваното место: од кабинетот на премиерот Спајиќ.