Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
Еврокомесарката за проширување Марта Кос утре пристигнува во Скопје, на средба со премиерот Мицкоски. -Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори, затоа што сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели Кос во интервју за МИA ден пред пристигнувањето, но истовремено и потенцира дека ЕУ досега никогаш нема дадено гаранции на земја кандидат дека нема да има никаков спор во процесот на преговори -Вистината е дека ниедна земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување сè до моментот кога последната земја-членка ќе го ратификува договорот за пристапување. Ова е начинот на кој функционира проширувањето на ЕУ. Важно е да се прифати оваа реалност – вели Кос за МИА Еврокомесарката доаѓа само една недела по завршувањето на рокот кој Унијата им го постави на земјите кандидатки за исполнување на рефомската агенда, па домашните експерти очекуваат Макеодија да добие пофалби за овој процес и потсетување дека нема начин како да се зобиколат превземените обврски за уставни измени. По
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.