Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење, држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството, држава која ќе биде препознаена по иновациите, по квалитетот на своите производи, по чесното работење и по конкурентната економија, држава која ќе биде доволно силна да ги издржи кризите и доволно мудра да ги препознае можностите што тие ги носат. Убеден сум дека имаме знаење, имаме капацитет, имаме стопанство кое сака да расте и имаме луѓе кои заслужуваат подобра иднина, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во обраќањето на форумот за одржливоста и создавањето отпорни бизниси што го организира Стопанска комора, Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да им дава силна поддршка на компаниите, како и дека останува нивен најважен партнер. Осврнувајќи се на одржливоста, премиерот истакна дека тоа веќе не е административна обврска што доаѓа однадвор, туку развојна можност. - Затоа, ќе продолжиме да ги поддржуваме компаниите во нивната зелена и дигитална трансформација, ќе работиме на подобар пристап до финансии, на намалување на административните процедури, на подобрување на инфраструктурата, на поголема поврзано
VG News ја прикажува оваа вест како агрегирана информација. Целосната содржина е кај оригиналниот извор.