Нови неволји ја погодија сагата на стадионот во која се вклучени Милан и Интер. Весникот „Ла Верита“ пренесува развој кој може да го забави, а во најлошото сценарио дури и да ги запре плановите на сопствениците на двата милански клуба за новиот стадион. Како што е познато, Милан и Интер преку компанијата „Стадио Сан Сиро Спа“ го купија земјиштето на „Сан Сиро“ и околината од општина Милано во ноември 2025 година.