Основното јавно обвинителство против криминал и корупција започна истражна постапка против шест физички и две правни лица кои се осомничени за проневера и перење на над 2,2 милиони евра, пишува Portalb.mk. Во истрагата е опфатен сопственик и управител на правно лице со кривична одговорност од село Кучевиште, кој бил и неизвршен член на Управниот одбор.