Од први јули стапува на сила целосна забрана за движење во шумите низ земјава, а владата веќе донесе одлука и за прогласување на кризна состојба поради зголемениот ризик од пожари. Казните за граѓаните кои без дозвола ќе бидат затекнати во шумските предели изнесуваат и до 2 000 евра. МВР најавува жесток одговор на терен. За лов на пироманите веќе се активирани дронови, а МВР го засилува и електронскиот надзор во критичните точки. -Во однос на пироманите кои ги имаме низ државата и ја палат својата држава, сметам дека и те како треба да го подобриме односот спрема овој вид криминалитет. Многу вложуваме во надзор и сметам дека ќе имаме подобар одговор во овој дел. Превентивните мерки и затворањето на шумските патишта беа поддржани и на денешната трибина на ИПОС. Експертите порачуваат дека безбедноста на шумските предели мора да биде приоритет број еден за сите надлежни институции во наредните два месеци. Но додека државата најавува контроли и дронови, на терен се појавуваат старите проблеми со недостиг на опрема. Од доброволните противпожарни друштва апелираат институциите итно да ги опремат службите но и реално да го вклучат доброволниот сектор. -Имаме опрема ама цела скоро 90 проце