Министерството за дигитална трансформација ја почна својата работа пред две години во мала канцеларија што требаше да личи на кабинет, со наследени проблеми, субстандардни услови за работа, без систем и со дезорганизираност кај вработените. Не беше воопшто лесно, но го прифативме предизвикот и заедно со мојот тим, деноноќно, посветено работевме трасирајќи го патот на новото министерство кое испорачува за граѓаните, рече денеска министерот Стефан Андоновски. Во отчетот за сработеното, Андоновски истакна дека за само две години, со својот тим, успеал да изгради институција за респект. Од почетокот биле утврдени 11 фундаментални приоритети. Ова не е отчет, рече, на изнесување бројки, туку отчет за тоа дали државата станува подостапна за граѓаните. Андоновски потсети дека кога стапил на функцијата, наследил тужби од приватни компании, тужби од поранешни вработени, тужби од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската радио телевизија, кои достигнувале милионски износи. - Наследивме уништен возен парк, без ниту едно функционално возило и без соодветна описна евиденција. Наследивме блокирани проекти од витално значење, проект за широкопојасен интернет, долг кон про